Достапни линкови

Авганистан - американски пари може да завршат кај милитантите


Главниот инспектор за нагледување на реконструкцијата на Авганистан Џон П. Сопко.

Главниот инспектор за нагледување на реконструкцијата на Авганистан Џон П. Сопко.

Ревизорите кои ја нагледуваат реконструкцијата на Авганистан, предупредија дека милитантните групи можат да добијат договори со американската влада, бидејќи има пропусти во авганистанските закони и корупција. Главниот инспектор за нагледување на реконструкцијата Џон П. Сопко наведува дека треба да се зајакнат процедурите за да се спречи милитантите да добиваат од САД договори за исплати. Сопко соопшти дека минатата години преку владини договори биле доделени речиси 2 милијарди долари, но не рече колку пари се во опасност. Американската армија проценува дека околу 360 милиони долари завршиле во рацете на Талибанците и криминалните елементи во Авганистан.
XS
SM
MD
LG