Достапни линкови

Црногорската опозиција повикува на протести


Приврзаници на опозицијата ја слават победата на нивниот кандидат Миодраг Лекиќ

Приврзаници на опозицијата ја слават победата на нивниот кандидат Миодраг Лекиќ

Црногорската опозиција ги повика своите приврзаници да излезат на улиците за да ги оспорат резултатите од претседателските избори, кои се одржаа на 7 април. Повикот го упати еден од опозициските лидери Небојша Медоевиќ, на неговиот Фејсбук профил, при што додаде дека освен институционалните механизми опозицијата ќе употреби и други методи на борба. Медоевиќ порачува дека започнува „црногорската пролет“.
И дека со граѓаните ќе се види на улица.Тој нагласи дека Демократскиот фронт нема да биде соучесник во создавањето на „неслободно, нестабилно и неефективно општество“
XS
SM
MD
LG