Достапни линкови

Грција не ги потврди ни демантира информациите за името


Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас изјави денеска дека на последната средба во Њујорк за спорот со името е направен уште еден чекор во преговарачкиот процес, кој е со цел да ги доближи двете страни за тие да можат за дојдат до взаемно прифатливо решение. Тој, како што јави МИА не ги потврдил ниту ги демантирал извештаите во медиумите за тоа кој е всушност последниот предлог на Нимиц.
На новинарско прашање дали Димитрис Аврамопулос размислува да ја прифати поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на министерската средба во Охрид, Делавекурас рече дека не знае затоа што програмата на министерот за мај се уште не е готова.
XS
SM
MD
LG