Достапни линкови

Преиспитување на македонските митови


Плакатот за театарска претстава „Лет над кандидатското гнездо“.
Плакатот за театарска претстава „Лет над кандидатското гнездо“.

Во сабота во 20 часот, ќе се случи премиерата на „Лет над кандидатското гнездо“ на Блаже Миневски, што во Театар Комедија го постави режисерот и уметнички директор на оваа национална установа Андреј Цветановски. Во претставата која носи поинаква визура и поглед на епските херои на македонската бит и прашува дали тие во денешницата уште би се сметале за јунаци, настапуваат Драган Спасов -Дац, Валентин Костадиновски – Тино, Кристина Лалоска, Крсте Јовановски и други.

По „Ах, љубов моја...турска приказна“ на Коле Ангеловски, Гогољевата „Женидба“, „За секого има по една“ на Венко Андоновски, во Театар Комедија ќе се случи и премиерата на последниот драмски текст на Блаже Миневски - „Лет над кандидатското гнездо“.
Продолжуваме со тенденцијата да промовираме домашна драматургија која што ја и нема многу посебно во жанрот комедија или е тоа нешто одамна напишано, невелам дека ова на Блаже Миневски е свежо и сегашно меѓутоа како сега да е пишувано.
Јелена Жугиќ, директорка на Театар Комедија.

„Продолжуваме со тенденцијата да промовираме домашна драматургија која што ја и нема многу посебно во жанрот комедија или е тоа нешто одамна напишано, невелам дека ова на Блаже Миневски е свежо и сегашно меѓутоа како сега да е пишувано“, вели во пресрет на премиерата Јелена Жугиќ, директорка на Театар Комедија.

Авторот на драмата забележува дека се работи за текст кој што започнал да го пишува не толку многу одамна, дека некаде десеттина години ги составувал приказните при што со тек на времето се случиле бројни промени, за да конечната верзија ја склопи во 2010 година.

Миневски истакнува дека
Пробавме со една нова, постмодерна верзија на гледање на тие карактери да ги демистифицираме нашите херои. Она што отсекогаш ме интересирало е македонската традиција. Многу ја почитувам, но исто така сакам да ја преиспитувам. Да ги дешифрирам оние пиедестали што ги имаме поставено досега во нашата историја.
Андреј Цветановски, режисер.
суштината на неговиот пристап кон текстот била да испита што се случува меѓу онаа позната дефиниција дека човекот не е она што вели дека е, туку е она што не признава дека е од една страна, а од друга да открие што е храброста – дали е тоа да се застане пред куршум или едноставно да се носи и прифати одговорноста. Во тие две крајности на нашето живеење на Балканиве, како што вели тој, „може да се случи или трагедија или комедија“, а тие овде го одбрале второто.

„Се обидував да направам една трансформација на оние мисли, односно идеи што ги воделе луѓето на овие простори почнувајќи од Александар Македонски кој кога стигнал на крајот од светот им рекол „Македонци за вас го освои светот!“, па преку Прличев кој ја кажува онаа позната сентенца „Совршенство или смрт!“, па потоа доаѓа почетокот на 20 век и идејата а Гоце Делчев дека светот го разбира како поле за
културен напревар меѓу народите и сега нашите митски и епски јунаци се соочуваат со тоа каква идеја тие да понудат на почетокот од овој 21 век. И, таа идеја е една битка да се излезе од митот. А, бидејќи од митот не може да се излезе тука настануваат и главните комични ситуации, главните пресврти во тоа дејство. “

Режисерот Андреј Цветановски, кој оваа претстава му ја посветува на својот татко и неуморен фантазер Владо Цветановски од кого научил да ја почитува но наедно и да ја преиспитува македонската традиција и бит, вели дека „Лет над кандидатското гнездо“ се заснова на „мотивите на карактерите на нашите епски јунаци, но дека сите сличности се намерни“.

„Пробавме со една нова, постмодерна верзија на гледање на тие карактери да ги демистифицираме нашите херои. Она што отсекогаш ме интересирало е македонската традиција. Многу ја почитувам, но исто така сакам да ја преиспитувам. Да ги дешифрирам оние пиедестали што ги имаме поставено досега во нашата историја. “

Во претставата настапуваат Драган Спасов Дац ( како гостин од Драмски театар) во улогата на Крале Марков, Дете Голобеше го игра Валентин Костадиновски – Тино, Павле Плетикоса – Жарко Димоски, Евгенија Борсадила – Кристина Ласовска, Трте Вејвода – Крсте Јовановски, Итар Пејов – Атанас Атанасовски и други.

Сценограф е Владо Ѓоревски – Рафик, костимите се дело на младата Фросина Настевска, а музиката ја потпишува Дејан Јанушев.
Инаку, наскоро во Театар Комедија ќе започнат да го подготвуваат новиот проект „Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Кардалевска, чија премиера е планирано да се обистини на годинешното издание на најголемата наша летна културна манифестација „Охридско лето“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG