Достапни линкови

Локални избори во Хрватска на 19 мај


Хрватската Влада за 19 мај го распиша одржувањето на локалните избори во земјата. Хрватскиот министер за управа Арсен Баук изјави дека одлуката за распишување локални избори ќе стапи во сила на 18 април, потсетувајќи дека в недела се одржуваат избори за Европскиот парламент, па Изборната комисија ќе биде зафатена.
До 18 април актуелните состави на претставничките тела мораат да ги завршат сите обврски и оттогаш извршните тела нема да можат да донесуваат одлуки, бидејќи ќе бидат во технички мандат. Последните редовни локални избори во земјата се одржани на 17 мај 2009 година.
XS
SM
MD
LG