Достапни линкови

Тарчуловски-поддршката од народот ми беше се


Јохан Тарчуловски

Јохан Тарчуловски

Јохан Тарчуловски при пристигнувањето во Македонија по осум години поминати во затвор порача дека поддршка од народот иако бил далеку многу му значела и таа му била се. Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска, рече Тарчуловски.
Пред насобраните граѓани на скопскиот аеродром „Александар Велики“ тој им изрази голема благодарност на сите македонски бранители. Тарчуловски порача дека нивното дело треба да се почитува и цени.Помина долго врме, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодарам на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.
Тој со владиниот авион околу 15 часот пристигна на скопскиот аердором, на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG