Достапни линкови

logo-print

Дачиќ-Русија ќе помогне во решавање на косовскиот проблем


Српскиот премиер Ивица Дачиќ и рускиот претседател Владимир Путин

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и рускиот претседател Владимир Путин

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска дека во односите меѓу Белград и Москва започна нова ера, со што земјата повеќе нема да биде сама на меѓународната сцена кога е во прашање Косово. Дачиќ за време на престојот во Русија, изјави дека од претседателот Владимир Путин и од премиерот Дмитриј Медведев добил ветување дека при нивните средби со водечките светски лидери ќе се обидат да го најдат најдобриот начин за решавање на косовскиот проблем. Според него, западните лидери сега ќе увидат дека некој стои зад Србија, за разлика од порано кога изгледаше дека земјата е осамена на меѓународната сцена и опкружена со земји-членки на НАТО или аспиранти за членство во Алијанста и во ЕУ.
XS
SM
MD
LG