Достапни линкови

Горна Македонија - можен компромис


Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.
Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Изостануваат коментарите од македонска страна за предлозите на Нимиц, додека грчките медиуми веќе лиферуваат имиња со географска одредница пред Република Македонија. Аналитичарите велат дека, ако е точно, тогаш тоа е добра основа за привршување на спорот.

Изостануваат коментарите од македонска страна за предлозите на Нимиц, додека грчките медиуми веќе лиферуваат имиња со географска одредница пред Република Македонија. Аналитичарите велат дека, ако е точно, тогаш тоа е добра основа за привршување на спорот.
Добивме некои нови идеи од Господинот Нимиц, кои ги анализираме, но не би ги коментирале со цел да не бидеме обвинети дека го нарушуваме процесот којшто го води Нимиц и ОН.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Премиерот Никола Груевски вчера рече дека решавањето на спорот со името со Грција сe уште не е во фаза за да споделат што било со јавноста, но доколку дојде до некоја посериозна фаза, ќе кажат.

„Добивме некои нови идеи од Господинот Нимиц, кои ги анализираме, но не би ги коментирале со цел да не бидеме обвинети дека го нарушуваме процесот којшто го води Нимиц и ОН.“
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.2012
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.2012

И министерот за надворешни работи Никола Попоски не сакаше да коментира повеќе во интерес на процесот.

Коментарите изостануваат и од коалициониот партнер ДУИ.
Досега тие предлози не беа прифаќани, не од нашата страна од другата страна. Начелно ако тоа е точно би било добра основа да се продолжат и завршат тие разговори за надминување на разликите во спорот за името.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

„Ние како партија сме вклучени во сите аспекти од тие разговори. За нас е битно да се продолжи таа динамика на разговори и таа обострана клима на интерес за наоѓање на решение што побргу, за да се деблокираат евроинтегративните процеси на државата“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Но, грчките медиуми пренесоа дека Нимиц дал нов предлог со географска одредница, кој не ги задоволува целосно грчките барања во спорот. Провладиниот Катимерини пишува дека станува збор за предлогот Горна Република Македонија. Другите медиуми пишуваат дека географска одредница е пред Република Македонија, што го прави предлогот помалку прифатлив за грчката страна и затоа таа ќе побара името да биде за најширока можна употреба.

Професор Димитар Мирчев вели дека во услови кога не се знае кој е предлогот, се друго се шпекулации, но ако навистина станува збор за некаква географска одредница пред или по името Република Македонија, тие предлози не се нови.

„Досега тие предлози не беа прифаќани, не од нашата страна, туку од другата страна. Начелно, ако тоа е точно, би било добра основа да се продолжат и завршат тие разговори за надминување на разликите во спорот за името.“

Грчките медиуми тврдат дека властите во Атина се загрижени од ваквиот развој на настаните и не ја исклучуваат можноста предлогот да биде одбиен.

Следната средба може да се очекува за два месеца, но Нимиц не прецизира каде ќе биде средбата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG