Достапни линкови

ДИК расправа за приговорите од ВМРО-ДПМНЕ за Центар


Државната изборна комисија денеска ќе продолжи да ги разгледува приговорите за вториот круг од гласањето на локалните избори што се одржаа во неделата.
Ќе бидат разгледани приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар, вкупно 66, потоа 17-те приговори исто така на ВМРО-ДПМНЕ за Струга. Последни за разгледување се 252 приговори за 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.
ДИК досега нема прифатено ниту еден приговор поднесен од партиите.
Управниот суд до сабота до 19 часот треба донесе решенија по евентуалните жалби од политичките партии на одлуките на ДИК.
XS
SM
MD
LG