Достапни линкови

ОН за Хашкиот трибунал и помирувањето


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседавачот на ГС Вук Јеремиќ
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседавачот на ГС Вук Јеремиќ

Соединетите Држави го предводеа бојкотот на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации за улогата на меѓународното кривично правосудство во остварување на помирувањето. Европските и некои други западни земји оценија дека оваа сесија била прикриен напад врз Хашкиот трибунал.

Состанокот беше организиран од поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ кој претседава со Генералното собрание на Обединетите нации.

Ерин Пелтон, портпарол на американската мисија во Светската организација, изјави дека Соединетите Држави остро се противат на одлуката на претседавачот на Генралното собрание да одржи, како што изјави, небалансирана, потпалувачка тематска дебата за улогата на меѓународното кривично право во помирувањето и затоа нема да учествуваат во неа.
Српскиот претседател Томислав Николиќ
Српскиот претседател Томислав Николиќ

Канада и Јордан им се придружија на Соединетите Држави, додека земјите членки на Европската унија испратија нивни дипломати од понизок ранг.

Од формирањето во 1993 година, Меѓународниот суд за поранешна Југославија осуди 161 лице за злостроства извршени за време на војните до кои дојде по распаѓањето на југословенската федерација. Петнесет од нив беа ослободени, а на неколку десетици осомничени се уште им се суди.
Изненадувачки е колку лесно со три гласа против два, Хашкиот трибунал ги поништи едногласните опсежни пресуди на Судот за Готовина и Маркач за масовни убиства, репресија и депортација на српското насление, пресуда која беше базирана врз резултати од неколкугодишна истрага.
Виталиј Чуркин, амбасадор на Русија во ОН.

Српскиот претседател Томислав Николиќ на состанокот изјави дека во Хашкиот трибунал се вршел скоро систематски линч врз обвинетите српски граѓани.

„Меѓународната правда денес е многу потребна, но таа треба да биде легална и легитимна. Меѓународната правда може да ја спроведува исклучиво само постојан суд за меѓународна правда. Доказ за тоа е денешното неприсуство на некој претставник на Хашкиот трибунал. Ако не го почитуваат најдревното правно правило: „да ја сослушаме и другата страна“, како од нив да очекуваме минимум право и правда.“

Србија и Русија остро го критикуваа Трибуналот за неодамнешните одлуки за ослободување на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, како и на поранешниот командант на ОНА Рамуш Харадинај.

„Изненадувачки е колку лесно со три гласа против два, Хашкиот трибунал ги поништи едногласните опсежни пресуди на Судот за Готовина и Маркач за масовни убиства, репресија и депортација на српското насление, пресуда која беше базирана врз резултати од неколкугодишна истрага“, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин.

Од друга страна, хрватскиот претставник во Светската организација Ранко Виловиќ изјави дека одлуките на судот мора да се почитуваат и покрај личните чувства.

„И покрај тоа што мојата земја не секогаш беше задоволна со процесите и одлуките на Хашкиот трибунал, секогаш соработуваше со тој суд и ги уважуваше нивните одлуки. Тоа го очекуваме од сите земји, посебно од оние што директно се поврзани со работата на Трибуналот.“

Претходно дипломати во Обединетите нации соопштија дека Вук Јеремиќ не им дозволил учество на седницата на членки на организацијата „Мајки од Сребреница“ која ги претставува семејствата на 8 илјади босански муслимани убиени во масакрот во 1995 година.

Некои дипломати во Њујорк, пак, го обвинија Јеремиќ за злоупотреба на Генералното собрание за промоција на неговата лична кариера и на неговата земја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG