Достапни линкови

Сирија, Северна Кореја и Иран на агендата на Г-8


Војната во Сирија, кризата во Северна Кореја и иранската нуклеарна програма се на агендата на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на земјите од Г-8. Разговорите помеѓу министрите на Г-8 продолжуваат денеска во Лондон. Официјални претставници изјавија дека вчера американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дискутирале за Сирија и за Северна Кореја. Лавров изјави дека Москва и Вашингтон немаат разлики околу Северна Кореја и предупреди да нема воени маневри за да не ескалира ситуацијата. Претставниците на опозициската сириска Националната коалиција, исто така се сретнаа со некои министри за надворешни работи на Г-8 и разговараа за зголемување на помошта за опозицијата. Денеска се очекува фокусот на разговорите на министрите да биде неуспехот на најновите меѓународни разговори за иранската нуклеарна програма.

Во меѓувреме, САД ја предупредија Северна Кореја дека е блиску до „опасната линија“ и дека Вашингтон е спремен да се справи со каква било провокација. Предупредувањето од секретарот за одбрана Чак Хејгел доаѓа заедно со подигнувањето на готовност на силите на САД, Јапонија и Јужна Кореја поради индициите дека Северна Кореја се подготвува за лансирање ракета.
XS
SM
MD
LG