Достапни линкови

Неколку илјади цивили убиени во воздушни напади во Сирија


Сириското воздухопловство извршува неселективни, а понекогаш и намерни воздушни напади во кои беа убиени илјадници цивили, покажува новиот извештај на Хјуман рајтс воч. Според извештајот, нападите се сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право и можни воени злосторства. Во извештајот „Смрт од небото“, Хјуман рајтс воч наведува дека владините авиони бомбардирале пекарници, болници и други цивилни цели. Според сириски активисти, во воздушни напади од јули 2012 година биле убиени повеќе од 4.300 цивили.
XS
SM
MD
LG