Достапни линкови

САД изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Иран


Белата куќа упати сочувство до Иран, поради жртвите од земјотресот кој го погоди јужниот дел од земјата. Во земјотресот загинаа најмалку 37 луѓе, а околу 850 се повредени. Портпаролката на Националниот совет за безбедност Кејтлин Хајден соопшти дека во писмената изјава упатена до Иран се наведува и дека Вашингтон е подготвен да му помогне на иранскиот народ. Во соопштението се вели дека администрацијата на Обама е „длабоко потресена од загубата на животи и штетите предизвикани од оваа катастрофа“. Земјотресот со јачина од 6,3 степени вчера го погоди Иран во близина на нуклеарната централа во Бушер. Иранските власти соопштија дека централата не е оштетена и дека не дошло до ослободување на радијација. Односите меѓу Вашингтон и Техеран се затегнати поради нуклеарната програма на Иран.
XS
SM
MD
LG