Достапни линкови

Искази на роднините на обвинетите во Монструм пред судот


Обвинетите во случајот Монструм

Обвинетите во случајот Монструм

Роднини на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро денеска даваат искази во Основниот суд Скопје 1. На судењето не беа присутни првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои сè уште ја чекаат екстрадицијата во Косово. Братот на обвинетиот Фејзи Азири, Фекри раскажа дека на денот на убиството, 12 април 2012 година во 6 часот утрото заедно со неговите браќа заминале на фармата во Белимбегово, каде одгледувале овци. Според него, Фејзи заминал од фармата, па се вратил во 18 часот, каде останале уште три саата. Потоа Фејзи заминал сам, но сведокот не знаеше да каже каде точно.Фекри Азири му е вујко на првообвинетиот Алил Демири и чичко на обвинетиот Хаки Азири.
На 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски.
XS
SM
MD
LG