Достапни линкови

logo-print

ДИК донесе одлука за трите избирачки места во Куманово


Локални избори 2013

Локални избори 2013

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука истражен судија да направи само увид, а не и одземање на избирачките список на три избирачки места во Куманово. Според комисијата, судијата ќе може да изврши увид само за деветте лица за кои има сомневање дека направиле злоупотреба на избирачкото право.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко појасни дека увидот треба да биде направен во просториите на Општинската изборна комисија во Куманово и во полн состав за да нема никаков сомнеж. Кондарко смета дека ДИК не треба да биде препрека за водењето постапка на другите органи. Предлогот го поддржаа шест членови, а против беше Бедредин Ибраими, кој повтори дека се врши упад во изборниот процес од страна на истражниот судија во Куманово.
XS
SM
MD
LG