Достапни линкови

ДИК расправа за три избирачки места во Куманово


Втор круг гласање на Локални избори 2013

Втор круг гласање на Локални избори 2013

Државната изборна комисија на денешната седница го разгледува барањето на Општинската изборна комисија од Куманово, а по наредба на истражен судија, за одземање на избирачкиот список на три избирачки места. Според истражниот судија на трите избирачки места имало злоупотреба на избирачкото право од страна на девет лица. Претседателот на Комисијата Борис Кондарко појасни дека избирачкиот процес е во тек и оти течат роковите за поднесување приговори и оти треба да се има во предвид заштита на личните податоци на граѓаните.
Заменик претседателот Јакупи Супхи, подвлече дека изборниот материјал е во надлежност на ОИК и посочи дека до завршување на постапката на приговори воопшто не треба да се отвори изборниот материјал, а потоа истражниот судија да побара проверка. Расправата на ДИК ќе продолжи по едночасовната пауза во која претседателот Кондарко има средба со амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс.
XS
SM
MD
LG