Достапни линкови

logo-print

Време ли е за премиерска средба за името?


Средба на Груевски со претходниот грчки премиер Пападемос, Брисел, 1-ви март 2012.

Средба на Груевски со претходниот грчки премиер Пападемос, Брисел, 1-ви март 2012.

На прашањето колку за придвижување на работите околу спорот за името со Грција би помогнала средба на премиерско ниво, аналитичарите велат дека не е лошо, но дека се уште не е време.

Македонскиот државен врв во интерес на процесот на преговори за името се воздржува од коментари за последното мислење на медијаторот Метју Нимиц, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Покана беше упатена, таа покана ја повторувам, таа е отворена покана за било кој грчки претставник на секое ниво да покаже политичка посветеност дека Грција е фактор на стабилност и просперитет во регионот.

„Медијаторот Нимиц во оваа фаза ни достави определени идеи и размислувања, во овој момент во интерес на процесот, не би коментирал што тоа содржи и какво би било натамошното видување.“

Нимиц по дводневните разговори во Њујорк, изрази надеж дека двете страни ќе пронајдат позитивни елементи во неговото најново мислење за спорот. Медијаторот најави дека следната средба може да се очекува за околу два месеца без да прецизира каде би се одржала таа средба.

Министерот Попоски вели дека се упатени отворени покани до грчките претставници за посета на земјава.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, септември 2012.

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, септември 2012.


„Покана беше упатена, таа покана ја повторувам, таа е отворена покана за било кој грчки претставник на секое ниво да покаже политичка посветеност дека Грција е фактор на стабилност и просперитет во регионот, мислам дека министерскиот состанок на крајот на мај и почетокот на јуни се добра можност тоа да се потврди.“
Тоа во моментов е буквално незамисливо да имаме средба на двајцата премиери, мислам самата средба би била големо чудо, но и кога би се случила не би имало што да се каже, толку се одалечени ставовите меѓу двете земји, што не гледам можност за излез.


На прашањето колку за придвижување на работите би помогнала средба на премиерско ниво, аналитичарите велат дека тоа не е на одмет, но дека се уште не дошло време за тоа.

Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески вели дека работа на Нимиц му е темата да ја држи отворена, а се забележува и еден координиран притисок и од Нимиц и од ЕУ за придвижување на работите, но шансите за такво нешто се минимални. Тој вели дека секогаш помага средба на високо ниво.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје. 11 јануари 2013.

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје. 11 јануари 2013.


„Тоа во моментов е буквално незамисливо да имаме средба на двајцата премиери, мислам самата средба би била големо чудо, но и кога би се случила не би имало што да се каже, толку се одалечени ставовите меѓу двете земји, што не гледам можност за излез.“
Ние не покажуваме конструктивен пристап кон проблемот со спорот за името, туку се однесуваме како да не сакаме да го решиме спорот, а можеби и не сакаме, не сум сигурен за тоа, меѓутоа декларативно се залагаме за решавање на овој спор.

Тој вели дека најпрво се потребни сериозни разговори дома по тоа прашање, за да се изгради позиција за тоа што е корисно за Македонија, но дека тоа го нема и затоа радикалните ставови на двете страни не можат да произведат решение.

Аналитичарот Беким Кадриу, пак, вели дека за решавање на самиот спор не е неопходно среќавање на премиерите на двете држави. Тој вели дека тие би се сретнале тогаш кога ќе има за што да разговараат.

„Тие би се сретнале во моментот кога ќе имаат блиски ставови, кои би барале инпут од самите премиери и кои би донеле до конечно решавање на спорот, меѓутоа моментално немаме таква ситуација.“

Тој додава дека му изгледа како повеќе меѓународната заедница да е заинтересирана за решавање на спорот, отколу земјава.

„Ние не покажуваме конструктивен пристап кон проблемот со спорот за името, туку се однесуваме како да не сакаме да го решиме спорот, а можеби и не сакаме, не сум сигурен за тоа, меѓутоа декларативно се залагаме за решавање на овој спор.“

Медиумите јавуваат дека министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска ќе го информира грчкиот претседател Каролос Папуљас за повеќе прашања од надворешната политика на земјата, меѓу кои и за прашањето за името.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG