Достапни линкови

logo-print

Грузија - Саакашвили на сослушување за војната со Русија


Тбилиси

Тбилиси

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили изјави дека претседателот Михаил Саакашвили може да биде законски повикан на сослушување во врска со војната со Русија во 2008 година. Иванишвили додаде дека вистината за војната никогаш не му била откриена на грузискиот народ.
По конфликтот, Москва ја призна независноста на отцепените региони на Грузија, Јужна Осетија и Абхазија.
Денеска и лидерот на пратениците на владејачката коалиција, Давид Шангелидзе изјави дека нова парламентарна комисија ќе ја испита војната и последиците од неа. Партијата „Грузиски сон“ на Иванишвили го победи Националното движење на Претседателот Микаил Саакашвили во октомври минатата година.
XS
SM
MD
LG