Достапни линкови

ДИК ќе расправа за списоците од три избирачки места во Куманово


Државната изборна комисија денеска треба да одржи седница на која ќе биде разгледано барањето на Општинската изборна комисија - Куманово, а по наредба на истражен судија, за одземање на избирачкиот список на три избирачки места.
Во меѓувреме, тече рокот за разгледување на приговорите за вториот круг од локалните избори. До истекот на законскиот рок, синоќа до 19 часот, до ДИК се поднесени над 200 приговори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доставиле по повеќе од 100, ДПА 4, а ДУИ и НДП по 16 приговори.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Подносителот на приговорот по кој одлучувала комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на судот се конечни
XS
SM
MD
LG