Достапни линкови

Сесија на британскиот парламент за Тачер


Британскиот Парламент денеска ќе одржи специјална сесија посветена на починатата бивша премиерка Маргарет Тачер.
Прв ќе зборува премиерот Дејвид Камерун и се очекува тој да и одаде и прзание но и критики за делата на Тачер.
Лидерот на опозиционите лабуристи Ед Милибанд пак им дал инструкции на пратениците да зборуваат достоинствено за Тачер.
Маргарет Тачер беше лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија од 1979 до 1990. Оваа сесија на парламентот е реткост во Британија бидејки пратениците се повикани од одмор.
XS
SM
MD
LG