Достапни линкови

logo-print

Аврамопулос и Папуљас, меѓу другото, и за името на Македонија


Каролос Папуљас

Каролос Папуљас

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска ќе го информира грчкиот претседател Каролос Папуљас за повеќе прашања од надворешната политика на земјата.
Според МИА, ќе разговара и за прашањето за името.
Состанокот на шефот на грчката дипломатија со Папуљас се одржува по завршувањето на средбата во Њујорк на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Грција и Македонија Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. Нимиц соопшти дека предложил нови и конкретен предлог за името.
Грчките медиуми пак главно цитираат дипломатски извори според кои, по Велигден ќе има нова рунда средби за името.
XS
SM
MD
LG