Достапни линкови

САД и Израел повторно го предупредија Иран


САД и Израел го предупредија Иран дека нема да му биде дозволено да стекне нуклеарно оружје. Американскиот Државен секретар Џон Кери вчера во Ерусалим, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека преговорите со светските сили околу нуклеарната програма на Техеран не може да бидат и натаму отворени.
Нетанјаху, пак, истакна дека на Иран не смее да му биде дозволено да се инаети со меѓународната зедница.
По средбата, Кери и Нетанјаху најавија нови напори за заживување на израелско-палестинскиот мировен процес, кој е во мирување од септември 2010 година.
XS
SM
MD
LG