Достапни линкови

logo-print

ОН: алармантно количество оружје се изнесува од Либија


Во новиот извештај на ОН се вели дека алармантно количество оружје се изнесува надвор од Либија и се додава на арсеналите на екстремисти и криминалци на многу места, вклучувајќи ги и Сирија и Мали.
Во извештајот се наведува дека Либија станала најголем снабдувач на оружје за регионот, во време кога владата на оваа земја продолжува да се бори да го наметне својот авторитет по падот на Моамер ел Гадафи од пред две години. Истрагите покажале дека илегални трансфери на оружје од Либија се регистрирани во 12 земји. Овие пратки вклучуваат противвоздушни системи, експлозиви, мини, лесно оружје и муниција.
XS
SM
MD
LG