Достапни линкови

logo-print

Телефонски разговор Обама-Карзаи


Безбедносната транзиција во Авганистан била тема на телефонскиот разговор на американскиот претседател Барак Обама со неговиот колега од оваа земја Хамид Карзаи. Разговорот доаѓа откако Карзаи во неделата го осуди воздушниот напад на НАТО во провинцијата Кунар, каде што според авганистански официјални лица, загинале 11 деца.
Во соопштението од Белата Куќа се вели дека двајцата претседатели разговарале за напредокот во транзицијата на безбедносната одговорност на авганистанските сили, бидејќи борбените сили предводени од НАТО ќе се повлечат од Авганистан до крајот на идната година.
Било разговарано и за подготовките на оваа земја за избориte кои се закажани за идната година.
XS
SM
MD
LG