Достапни линкови

Драма во Дортмунд, очекувано во Истанбул


Фудбалерите на Борусија Дортмунд го прославуваат пласманот во полуфиналето

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го прославуваат пласманот во полуфиналето

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Борусија Дортмунд се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Во синоќешните реванш натпревари од четвртфиналето, Реал беше поразен во Истанбул од Галатасарај со 3:2, меѓутоа во првиот натпревар победи со 3:0.
Во Дортмунд се одвиваше вистинска драма, во која Борусија победи со 3:2, а последните два гола ги постигна во судиското продолжение од 4 минути. Во првиот натпревар резултатот беше 0:0.
Вечер се играат преостанатите два реванш меча, во кои се среќаваат Барселона-Пари Сен Жермен и Јувентус- Баерн.
XS
SM
MD
LG