Достапни линкови

logo-print

Над 30 жртви во земјотресот во Иран


Мапа со епицентарот на земјотресот во Иран

Мапа со епицентарот на земјотресот во Иран

Иранските медиуми јавија дека во силниот земјотрес кој го погоди југоисточниот дел на земјата загинале најмалку 30 луѓе, а околу 800 се повредени. Американскиот геоолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала се случил на 89 километри одалеченост од Бушер.
Според иранските локални власти нуклеарниот реактор во Бушер не бил оштетен од земјотресот. Околу 10 илјади луѓе живеат во регионот.
XS
SM
MD
LG