Достапни линкови

Иванов-Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека единствено нешто што Македонија сега го заслужува е датум за почеток на преговори. Говорејќи на правниот факултет во Истанбул Иванов рече дека ЕУ треба тоа да го стори за да може кредибилитетот на европските интеграции да добие на тежина и да можат сите европски стандарди и принципи да важат и за македонските граѓани.
Тој порача дека ако во Европа се уморни од проширување, тогаш земјите на Балканот се уморни од чекање. Според него, Македонија се наоѓа во статус кво ситуација и се додека одредени постари членки ја злоупотребуваат својата позиција во Унијата, тоа се смета за уцена.
XS
SM
MD
LG