Достапни линкови

logo-print

Комисијата за лустрација со двајца нови кодоши


Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи две лица за соработници со тајните служби, а две лица за наредбодатели и корисници на информации. Еден од соработниците е поранешен носител на јавна функција, професор на Педагошкиот факултет во Битола и долгогодишен секретар на Друштвото за наука. Тој во 80-тите години бил евидентиран за соработник на поранешните тајни служби под псевдоним „Мисирков“. Другиот соработник е поранешен пратеник и директор на Стоматолошките клиники во Скопје.
Едниот од двајцата наредбодатели, бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи, а потоа и заменик-јавен обвинител додека другиот бил републички секретар за внатрешни работи и окружен јавен обвинител, а во периодот на плурализмот и член на антикорупциската комисија.
XS
SM
MD
LG