Достапни линкови

Секојдневни протести на работниците од Еурокомпозит


Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп.
Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп.

Вработени во прилепски Еурокомппозит до петок секој ден имаат по едночасовен прекин во работата и протест пред фабриката, поради нерешениот статус на загубарот и зашто три месеци не добиле плата.

Томислав Димоски е долгогодишен работник во прилепскиот загубар Еурокомпозит. Вели едвај се снаоѓа за да ја обезбеди егзистенцијата на своето четиричлено семејство. Одгледуваат и тутун, за да може да ги покриваат поголем дел од трошоците, зашто во фабриката каде што работата речиси и да не добиваат плата.
Вработен сум 34 години, овде младоста ми помина што се вели, дали можеш да појдеш на уред, да се лекуваш нема никакви лекарства, плаќаме како ќе се снајдеме, ништо што да правиме, ќе се снајдеме од тутунот ќе враќаме, што да правиме, еден е вработен, извршители идат на секое.
Томислав Димоски, работник во прилепскиот загубар Еурокомпозит.

„Вработен сум 34 години, овде младоста ми помина што се вели, дали можеш да појдеш на уред, да се лекуваш нема никакви лекарства, плаќаме како ќе се снајдеме, ништо што да правиме, ќе се снајдеме од тутунот ќе враќаме, што да правиме, еден е вработен, извршители идат на секое“, изјави Димоски.

И неговиот колега Драган Миткоски маки мачи за да состави крај со крај во месецот. Вели дека секој ден живее со стрес и нервоза, не гледа никаква иднина во оваа компанијата. Според него, треба смена на раководството, зашто вака со години ситуацијата е иста. Плата нема, придонеси нема, сини картони нема, умре и надежта, вели тој.
Прекин на производството од еден час ќе имаме и во наредните денови, до петок, значи до крајот на оваа недела, како понатаму ќе се одвиваат активностите на синдикалната организација и вработените зависи во текот на оваа недела, какви се активности ќе се преземат од страна на директорот и од страна на синдикатот.
Бранко Чатлески, претседател на синдикалната организација на фабриката.

„Помизерно од ова не можеме, сметките кога имаме ги плаќаме, но повеќе ги оставаме, тешко оди некако, иднина не гледаме, нешто да се промени, а вака не, вака околу две години ни е тешка ситуацијата“, вели Миткоски.

Не само овие двајцата, туку поголем дел од вкупно 385 вработени во Еурокомппозит до петок секој ден имаат по едночасовен прекин во работата и протест пред фабриката, во знак на незадоволство поради оваа агонија што трае со години, поради нерешениот статус на загубарот, поради фактот што три месеци не добиле плата.

„Прекин на производството од еден час ќе имаме и во наредните денови, до петок, значи до крајот на оваа недела, како понатаму ќе се одвиваат активностите на синдикалната организација и вработените зависи во текот на оваа недела, какви се активности ќе се преземат од страна на директорот и од страна на синдикатот“, вели Бранко Чатлески, претседател на синдикалната организација на фабриката.

Директорот на Еурокомпозит, пак, објаснува дека застојот во исплата на платите е последица на тешката финансиска состојба и економската криза, а особено затоа што законски во период на избори Владата не може да интервенира со свои средства во овој загубар.

„Она што Владата може да го прави и го прави. Проблем е економската криза, економската ситуација за фирмата, знаете купувачи на нашите производи се владини министерства, не само во Македонија, туку и во Словенија, Хрватска, Босна... намалени се секаде, буџетите се скратени на министерствата за одбрана и внатрешни работи, истото е и кај на“, вели директорот Никола Лучески.

Еурокомпозит е фабрика со целосно државен капитал. На 18-ти овој месец, ќе биде распишан тендер за продажба на стратегиски инвеститор. Со години се најавува дека има сериозен интерес на странски инвеститори особено за цивилното производство, но овој загубар се уште стои на стаклени нозе и се бори за опстанок.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG