Достапни линкови

logo-print

САД и Израел со предупредување до Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

САД и Израел го предупредија Иран дека нема да му дозволат да произведе нуклеарно оружје. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека преговорите на светските сили за нуклеарната програма на Техеран не можат да биде отворени бескрајно.
Тој го даде коментарот по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим. Нетанјаху изјави дека на Иран не смее да му се дозволи постојано да и пркоси на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG