Достапни линкови

Струга - Албанците слават, Македонците се жалат


Новоизбраниот градоначалник на Струга Зиадин Села ја слави изборната победа.

Новоизбраниот градоначалник на Струга Зиадин Села ја слави изборната победа.

Додека Албанците од Струга ја славеа изборната победа на новоизбраниот градоначалник Зиадин Села од ДПА, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои имаа заеднички кандидат, се жалат на изборен фасификат.

Класичен фалсификат. Вака претседателот на ОО на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски го оцени вториот круг од локалните избори во Струга и струшко, каде според бројот на гласовите за градоначалник на Струга победи кандидатот на ДПА, Зиадин Села. Македонците во Струга бараат прегласување на вториот круг од изборите, а до ОИК и ДИК поднеле повеќе од 20 барања. Чушкоски вели дека за време на изборниот процес биле забележани серија нерегуларности.
Се работи за класичен фалсификат. Гласањето уште во старт почна тензично, стандардно за Струга. Сега веќе трет пат се легализира фалсификување на избори. Ние не очекуваме од ОИК ништо да направи, бидејќи таа е тотално инструирана. Јавна тајна во Струга беше дека повеќе од 2000 лични карти се донесени од Швајцарија и многу лесно се открива тоа.

„Се работи за класичен фалсификат. Гласањето уште во старт почна тензично, стандардно за Струга. Сега веќе трет пат се легализира фалсификување на избори. Ние не очекуваме од ОИК ништо да направи, бидејќи таа е тотално инструирана. Јавна тајна во Струга беше дека повеќе од 2000 лични карти се донесени од Швајцарија и многу лесно се открива тоа“, рече Чушкоски.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лиљана Затуроска побара разрешување на претседателот на ОИК во Струга, Џенгис Хани.

„Бараме разрешување на членовите на ОИК на чело со претседателот Џингис Хани и членовите Камбер Даути и Патриот Даути кои беа директни учесници во нерегуларностите и поддржувачи на нерегуларниот изборен циклус“, рече Затуроска.

Струшките Албанци сметаат дека Села заслужувал да седне во градоначалничката фотелја.
Ги победивме и Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Посилни бевме од специјалните единици на полицијата кои ни вршеа притисок. Сега ќе испишеме нова историја во Струга.

„Штом го избира народот, тоа се гледа.“

„Му честитаме и го повикуваме да работи за народот. На народот да му биде поубаво.“

„Заслужува Села. Очекуваме она што го има ветено да го реализира.“

„Ова е победа на ДПА. Но, не само на ДПА туку и на сите граѓани на Струга. Ова е мултиетничка општина. Би требало да има промени бидејќи со новиот градоначалник се надеваме да имаме промени освен во кадровската политика на општината и треба промени во инфраструктурата“, велат стружани.

Некои рекоа дека деновиве ја прославувале победата на Албанците во Струга.

„Ја прославуваме победата на Албанците, не на партиите.

РСЕ: Но, во Струга не живеат само Албанци?

Да, но овде беше борбата да се земе општината. Немаме против ниту еден народ“, вели еден стружанец.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за да има успешни избори во Струга било потребно да се промени составот на изборните комисии, односно да се овозможи правична застапеност на Македонците во изборните комисии.

„Ги победивме и Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Посилни бевме од специјалните единици на полицијата кои ни вршеа притисок. Сега ќе испишеме нова историја во Струга“, се обрати Села после прогласувањето на победата во неделата, кога во Струга се славеше со пукотници од огнено оружје и со развиорени албански знамиња.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG