Достапни линкови

Младенов загинал во несреќен случај


Никола Младенов

Никола Младенов

Истражниот судија во Кривичниот суд Владимир Туфегџиќ изјави денеска дека сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, била несреќен случај. Според него, брзината со која се движело возилото кога излетало од патот кај клучката во Хиподром била 160 км на час. За време на несреќата Младенов не бил врзан со сигурносен појас, а обдукцијата покажала дека во моментот тој држел цигара во рака. Младенов, како што рече Туфегџиќ починал поради прекин на аортата, а во несреќата не учествувало друго возило.
Според Судот, засега нема елементи за кривично дело, а документацијата истражниот судија ќе му ја достави на скопското обвинителство кое треба да одлучи дали ќе отвори истрага и дали ќе бара дополнителни докази.
XS
SM
MD
LG