Достапни линкови

Ал Каеда со бунтовниците во Сирија


Ирачкото крило на Ал Каеда соопшти за прв пат дека една бунтовничка група во Сирија е дел од оваа терористичка мрежа. Лидерот на Исламската држава во Ирак Абу Бакр ал Багдади изјави дека сиријскиот Ал Нусра фронт од сега ќе се нарекува Исламска држава во Ирак и Левант. Ал Нусра фронтот заедно со другите сиријски бунтовнички групи се бори против силите на претседателот Башар ал Асад. Во минатиот декември Соединетите држави оваа група ја ставија на листата терористички организации.
XS
SM
MD
LG