Достапни линкови

Филе бара посветеност на евроинтеграциите


еврокомесарот за проширување Штефан Филе

еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Македонија постигна напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво. Сега е најважно да се формира Анкетната комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември, а партиите да потпишат меморандум за посветеност кон евроинтеграциските процеси. Ова, меѓу другото, го порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции. Во врска со локалните избори оцени дека тие биле добро организирани, слободни и компетитивни, но има забелешки за користење на државни ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите. Филе денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во Владата ќе се одржи нова рунда од пристапниот дијалог на високо ниво. Филе претходно имаше средба и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG