Достапни линкови

Европскиот еврејски конгрес предупредува на нацизмот во Грција


Европската унија треба да разгледа исклучување на Грција и Унгарија, изјави претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Кантор. „Ако тие не го заштитат своето население од неонацизмот, со сите лекции кои Европа веќе им ги одржа, тогаш можеби за нив нема место во Европската унија, изјави Кантор по објавувањето на годишниот извештај за борба против антисемитизмот во светот на Универзитетот во Тел Авив. Европскиот еврејски конгрес е чадор организација која ги застапува еврејските заедници во Европа.
XS
SM
MD
LG