Достапни линкови

Грција го помести Првомајскиот празник


Атина

Атина

Грчкото Министертсво за труд го прифати барањето на сопствениците на продавници во Грција за поместување на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот Први Мај на 7 мај, објави атинскиот весник „Катимерини“. Грчките трговици побараа прославата на Денот на трудот да биде поместена, бидејќи сметаат дека ќе имаат загуби во работењето доколку празникот се одбележи на 1 мај, односно во средата пред православниот Велигден, кој оваа година се паѓа на 5 мај.
XS
SM
MD
LG