Достапни линкови

Критики за Грција за кршењето на верските права на Македонците


Американскиот институт Вен, кој се залага за почитување на верските слободи во светот, ја критикува Грција поради кршењето на правото на верските заедници, вклучително и македонската, слободно да ја почитуваат својата вера. Институтот Вен, во своите забелешки, тргнува од неодамна објавениот извештај на Обединетата македонска дијаспора, во кој се изнесуваат примери за кршење на правото на вероисповед, како одбивањето да се возобнови Македонската православна црква во Аридеја и одбивањето на грчките попови да крштеваат деца со македонски имиња.
XS
SM
MD
LG