Достапни линкови

logo-print

Прекината работата во заедничката зона на Северна и Јужна Кореја


Каесонг

Каесонг

Северна Кореја го прекинала производството во заедничката индустриската зона со Јужна Кореја. Агенциите јавуваат дека севернокорејските работници во комплексот Каесонг денеска не дошле на работа. Станува збор за над 53 илјади севернокорејци. Во минатата недела Пјонгјанг не им дозволи влез во зоната на јужнокорејските работници. Тензиите растат на Корејскиот Полуостров откако Северна Кореја изведе трета нуклеарна проба во февруари годинава. Тоа доведе до заострување на санкциите на меѓународната заедница, што пак предизвика ескалација на заканите на Пјонгјанг спрема Соединетите држави и Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG