Достапни линкови

Во Њујорк заедничка средба на Нимиц со Јолевски и Василакис


Медијаторот Метју Нимиц денеска ќе има заедничка средба со претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за името, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Нимиц вчера во Њујорк ја почна новата рунда разговори за името кога имаше одделни средби со македонскиот и грчкиот преговарач.
Американскиот дипломат ги повика претставниците на двете земји на заедничка средба еден ден по вториот круг од локалните избори, а пред вонредниот пролетен извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, во кој ќе се нотира и напредокот во дијалогот за името.
XS
SM
MD
LG