Достапни линкови

Владата на Косово разочарана но останува посветена на дијалогот


Владата на Косово соопшти дека е разочарана со одлуката на Србија да го отфрли предлогот од Брисел но додала дека верува оти дијалогот е единствено решение и дека останува посветена на тој процес.Во соопштението на Владата на Косово се наведува дека предлогот што го поднесе Европската Унија би го потпомогнал мирот,европеизацијата и стабилноста во регионот.
Вчера Српската влада го одби понуденото решение за Косово и побара итно продолжување на дијалогот со Приштина со посредство на ЕУ. Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека властите не можат да ги прифатат принципите кои усно биле пренесени до преговарачкиот тим, бидејќи тие не гарантираат целосна безбедност, опстанок и заштита на човековите права на Србите во Косово
XS
SM
MD
LG