Достапни линкови

Хашкиот Трибунал го ослободил Јохан Тарчуловски


Претседателот на Хашкиот трибунал денеска потпишал одлука за ослободување на Јохан Тарчуловски и можно е уште утре тој да се врати во Скопје. За тоа, како што јавија македонските медиуми, веќе биле известени неговото семејство и адвокатскиот тим.
Одлуката на судот следува откако адвокатскиот тим побара предвремено пуштање затоа што Тарчуловски го исполни еден од главните критериуми- одлежа две третини од казната.
Тој беше осуден за полициската акција во Љуботен во која беа убиени цивили од албанска националност од селото. Освен критериумот за две третини од казната, судот проценил дека Тарчуловски се однесувал пристојно и не предизвикувал инциденти.
XS
SM
MD
LG