Достапни линкови

Дебата за Законот за медиуми без новинари


Апсурдно е да се дебатира за Закон за медиуми кој патем ниту еден новинар не го видел, велат од новинарските здруженија.

Здружението на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Синдикатот на новинари и Центарот за развој на медиуми во знак на протест ја напуштија јавната дебата за законот за медиуми организирана од Министерството за информатичко општество. Апсурдно е да се дебатира за Закон за медиуми кој патем ниту еден новинар не го видел велат од новинарските здруженија.
Ваквиот пристап на владата која сака во кратки рокови да го донесе Законот за медиуми за нас е неконструктивен. Сакам да ве потсетам дека во рамки на дијалогот што го имавме со владата во изминатите 2 години, владата не почитува ниту едно од тие заклучоци што сме ги договориле.

Претседателот на здружението Насер Селмани, вели дека новиот закон за медиуми е во целост подготвен од владата без при тоа да бидат консултирани оние на кои тој им е наменет, а пред јавноста како конечен и затворен концепт сега се нуди за коментирање во краток временски рок.
Дијалог ЗНМ-Влада, 2011.

Дијалог ЗНМ-Влада, 2011.


„Ваквиот пристап на владата која сака во кратки рокови да го донесе Законот за медиуми за нас е неконструктивен. Сакам да ве потсетам дека во рамки на дијалогот што го имавме со владата во изминатите 2 години, владата не почитува ниту едно од тие заклучоци што сме ги договориле.“

Тој додава дека ЗНМ инсистира прво законот да биде јавно објавен и да се продолжи рокот за негова дебата за три до пет месеци.
Закон кој треба да регулира од односи во редакција, до статус на новинар и на новинарство не може да помине зад грбот на медиумските организации и зад грбот на нас новинарите. Тука денеска покажавме дека нема да дозволиме да дозволиме да учествуваме во лажирање на нешто што се нарекува дебата.

„Ние на претставниците на ЕК и на сите странски амбасади во Скопје им објаснивме дека сме многу заинтересирани да учествуваме во оваа дебата, меѓутоа инсистираме на минимум услови за да може таа дебата да личи на тоа. Ако вие сметате дека ова што денеска се случува е дебата во услови во кои зборуваат за закон, а ние уште не го знаеме законот, тогаш проценете сами.“

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, а претходно и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во изминативе две години најавуваа дека предлог законот е речиси готов и ќе биде достапен за медиуми, но тоа не се случи.
Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.


Дебатата доаѓа на само еден ден пред доаѓањето на еврокомесарот Штефан Филе. Едно од прашањата кое се дискутира со Филе се и медумите. И дебатата за законот за декриминализација на клеветата се случи на ден пред доаѓање на Филе во земјата, во септември минатата година.
Тоа е всушност главниот проблем, јас не познавам ниту еден колега кој досега имал пристап до текстот на законот и како што знаеме законот воопшто не беше ставен на јавен увид до сега, значи никој не знае за што правиме муабет.

Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис вели дека на дебата на кој освен ЗНМ ниту една друга медиумска организација, медиум или новинар не е поканет е причина заради која симболично станале и ја напуштиле таканаречената дебата.

„Закон кој треба да регулира од односи во редакција, до статус на новинар и на новинарство не може да помине зад грбот на медиумските организации и зад грбот на нас новинарите. Тука денеска покажавме дека нема да дозволиме да дозволиме да учествуваме во лажирање на нешто што се нарекува дебата.“

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека не може да се донесе закон без при тоа да биде вклучена медиумската заедница во негово изготвување затоа што станува збор за една сеопфатна материја која бара сериозен и сестран пристап.

„Тоа е всушност главниот проблем, јас не познавам ниту еден колега кој досега имал пристап до текстот на законот и како што знаеме законот воопшто не беше ставен на јавен увид до сега, значи никој не знае за што правиме муабет.“

Во салата на Домот на АРМ каде се одвиваше јавната расправа без учество на медиумски работници, присуствуваа претставници на Советот за радиодифузија, претставници на Министертвото за информатичко општество, и претставници на меѓународните организации, а во поканата која ја објави министерот Ивановски беше наведено дека ќе присуствуваат и невладини организации и естрадни уметници.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG