Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ- поништување на резултатите во Струга


Втор круг гласање на Локални избори 2013.

Втор круг гласање на Локални избори 2013.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ соопштија дека изборните резултати во Општина Струга за нив се целосно нерегуларни и неважечки. Крсто Мукоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Струга Владимир Кочоски денеска обвини дека биле спроведени низа нерегуларности под дикаторство на повеќето членови од Општинската изборна комисија, етнички Албанци и нејзиниот претседател.
Како доказ, според него се непризнавањето на резултатите од повеќе избирачки места каде што биле евидентирани празни избирачки ливчиња.
Исто така, признавањето на резултатите од повеќе избирачки места каде што беа утврдени повеќе избирачки ливчиња во гласачките кутии. Партиите бараат од ДИК да го поништи целосно вториот круг избори во Општина Струга и да овозможи фер и регуларно гласање, каде граѓаните ќе ја изразат својата желба и волја под никаков притисок и диктат.
Кочоски изјави дека има сознанија оти неговиот противкандидат Села, на денот на изборите го прекршил Изборниот законик со тоа што вршел агитирање на неколку гласачки места и пропаганда за гласање.
XS
SM
MD
LG