Достапни линкови

Црна Гора-опозицијата нема да ја признае победата на Вујановиќ


Досегашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ

Досегашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ

Црногорската опозиција денеска соопшти дека нема да ја признае изборната победа на претседателскиот кандидат поддржан од владата. Претставникот на опозицијата Горан Даниловќ изјави дека опозицискиот кандидат Миодраг Лекиќ победил на претседателскиоте избори. Според него нивната победа е јасна како бел ден и никој од нив нема право да признае една изборна измама.
Досегашниот претседател Филип Вујановиќ и опозицискиот лидер Лекиќ прогласија победа по изборите. Државната изборна комисија на Црна Гора се уште не ги соопштила резултатите од преброените гласови.
XS
SM
MD
LG