Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Вториот круг ефикасен но нерамноправен


Втор круг од Локалните избори 2013. Гласање.

Втор круг од Локалните избори 2013. Гласање.

ОБСЕ/ОДИХР соопштија дека вториот круг од локалните избори во Македонија е ефикасно спроведен и изразено конкурентен, но останува недостигот од рамноправен терен за натпревар. Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ Герт Аренс изјави денеска дека пристрасното и партиско медиумско покривање и мешањето на владините и партиските активности довеле повторно до нерамноправен терен за натпревар меѓу кандидатите. Тој укажа и на потреба од натамошни реформи на изборното законодавство.
Според Аренс, по првиот круг на гласање се јавила зголемена загриженост за точноста на избирачкиот список, бидејќи ДИК не дозволил некои граѓани да гласаат во вториот круг поради прашања кои се однесуваат на нивното живеалиште кое е надвор од Македонија, а биле запишани во Избирачкиот список.
Тој посочи и дека медиумите кои биле набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР продлжиледа бидат пристрасни во полза на владејачките партии. Конечниот извештај ОБСЕ/ОДИХР ќе го презентира осум недели по завршувањето на изборниот процес.
XS
SM
MD
LG