Достапни линкови

ОБСЕ повика да се почека на официјалните резултати во Црна Гора


Двајцата кандидати за претседател на Црна Гора

Двајцата кандидати за претседател на Црна Гора

ОБСЕ ги повика двајцата кандидати за претседател на Црна Гора да ја остават изборната комисија да ги утврди резултатите од гласањето. Околу 327 илјади лица гласале на изборите, а изборната комисија се уште не соопшти официјални бројки. Крајниот рок за објавување на делумните резултати од гласањето е утре наутро. Актуелниот претседател Филип Вујановиќ прогласи победа, повикувајќи се на пребројувањето на гласовите од неговата владејачка партија. Вујановиќ рече дека тој освоил 51,3 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Миодраг Лекиќ освоил 48,7 отсто.
Партијата Демократски фронт на Лекиќ не ги признава тие резултати и вели дека нивниот кандидат е во благо водство пред Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG