Достапни линкови

Нерегуларностите отворија многу прашања


Втор круг од Локални избори 2013.

Втор круг од Локални избори 2013.

Гласањето беше спроведено во генерално мирна атмосфера, со незначително намален број нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на избирачкиот список и довербата во истиот, велат од МОСТ. И покрај тоа што не се регистрирани големи инциденти и директно насилство овие локални избори уште еднаш покажаа дека се отворени сериозни прашања на системот, стои во извештајот на Цивил.

Прелиминарна оценка на МОСТ е дека гласањето беше спроведено во генерално мирна атмосфера, со незначително намален број нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на избирачкиот список и довербата во истиот. МОСТ, која вториот круг го следеше со околу 2000 набљудувачи забележува дека најчести нерегуларности биле семејно гласање, некористење ув ламба и фотографирање на гласачки ливчиња.
Се работи за голем број луѓе, гласачи, кои се наоѓаа на избирачкиот список, некои од нив за првпат беа во Скопје, едноставно не знаеја што да одговорат. Дел од нив беа потиштени, меѓутоа извршуваа некаква задача, очигледно беа донесени таму.

Дел од оценките кои се наведуваат, пак, во прелиминарниот извештај на Цивил се однесуваат најмногу на вчерашната тензична атмосфера во Центар каде во попладневните часови имало гласачи од Пустец на неколку избирачки места. На овие избори отворено се спроведе груба демографска интервенција за етнички и партиски цели, а сиромаштијата беше силно злоупотребена да се задоволат апетитите на власта, изјави Џабир Дерала.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.


„Се работи за голем број луѓе, гласачи, кои се наоѓаа на избирачкиот список, некои од нив за првпат беа во Скопје, едноставно не знаеја што да одговорат. Дел од нив беа потиштени, меѓутоа извршуваа некаква задача, очигледно беа донесени таму.“
Гласањето беше спроведено во генерално мирна атмосфера, со незначително намален број нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на избирачкиот список и довербата во истиот.

Во извештајот на Цивил се наведува и дека националистичките политики системски биле употребени и во овој изборен процес и дека последиците ќе ги чувствуваат граѓаните. И покрај тоа што не се регистрирани големи инциденти и директно насилство овие локални избори уште еднаш покажале дека се отворени сериозни прашања на системот, стои во извештајот. Цивил исто така констатира дека на овие избори голем дел од медиумите биле послушни инструменти во рацете на политичките партии, забележани се партиски активисти кои стојат пред избирачки места и вршат притисок врз гласачите, како и злоупотреба на некои од државните институции во изборната кампања.

Претходно ДИК претпладнето соопшти дека во вториот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ победи во 16 општини, ДУИ во 7, СДСМ во 3, а ДПА во две општини.

Неизвесноста во општината Центар каде беше непреброено едно гласачко место заврши, кога ДИК објави дека со 980 гласа разлика победи кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски.

Во главниот град досегашниот градоначалник Коце Трајановски го доби третиот мандат со речиси двојно повеќе гласови. ДУИ победија речиси секаде каде имаа кандидати. Во Струга каде до последен момент се водеше трка меѓу кандидатот на ДПА подржан од ДУИ и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, победи ДПА.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG