Достапни линкови

На листата на даночни затајувачи има и Македонци


Словенечкиот новинар и член на Меѓународната мрежа на новинари Блаж Згага, кој учествува во акцијата за глобално откривање на „затајувачите на данок“ изјави дека објавувањето на податоците ќе предизвика потреси во регионот. Тој потврди дека на листата има имиња на граѓани од Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија. Но дека, засега не може да каже повеќе детали.
Меѓународната новинарска мрежа разоткри политичари и бизнисмени од 170 земји кои депонирале милијарди евра на тајни сметки во даночните оази. Во истрагата, која траела 15 месеци, учествувале 86 новинари од 46 држави.
XS
SM
MD
LG