Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Турција


Илустрација

Илустрација

Турската полиција денеска употребила водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале пред суд во Истанбул, за да им изразат солидарност на обвинетите за подготвување заговор за соборување на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Дел од демонстрантите се обиделе да ги пробијат барикадите поставени околу судот, извикувајќи антивладини пароли.
Протестите се одржаа за време на судскиот процес против обвинетите, а шеесет и четворица од нив, вклучувајќи новинари, политичари и пензионирани генерали, би можеле да бидат осудени на доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG