Достапни линкови

Македонија е под меѓународен притисок да направи чекот напред во однос на спорот за името со Грција. Во Њујорк денеска и утре посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите на двете земји.

Меѓународната заедница во координирана акција притиска за придвижување во спорт за името со Грција, коментираат аналитичарите, откако во исто време во Њујорк медијаторот Метју Нимиц разговара со преговарачите, а еврокомесарот Штефан Филе доаѓа во Македонија.
Преговарачката позиција на Македонија, на владата е посолидна, отколку на Грција кадешто мнозинството на владата е кревко, иако е поволно што Самарас е на чело на таа влада, прашање е дали внатрешната позиција на Грција ќе им дозволи да ги направат неопходните отстапки.

Аналитичарот Сашо Клековски вели дека оваа акција е пред се на ЕК и е дел од пошироки регионали активности за унапредување на процесот на евроатланските интеграции на Западен Балкан. Тој додава дека Македонија може да постигне реален напредок во добрососедските односи со Бугарија, бидејќи со неа има склучено Меморандум за разбирање, а со Грција работата е малку потешка, затоа што грчкиот предлог за Меморандум е далку од тоа што е прифатливо за Македонија.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос


„Преговарачката позиција на Македонија, на владата е посолидна, отколку на Грција кадешто мнозинството на владата е кревко, иако е поволно што Самарас е на чело на таа влада, прашање е дали внатрешната позиција на Грција ќе им дозволи да ги направат неопходните отстапки што секако ќе мораме и едната и другата страна да ги направиме.“

Тој додава дека напорите на ЕК се вистински, не е само да се одглуми, а останува да се види дали ќе се решат проблемите.
Практично имаме две партии кои убедливо победуваат на овие избори и сега имаат доволен капацитет да се справат со тешки прашања како што е прашањето за името.

Став на органите на ЕУ е дека до мај треба да се покаже сериозен чекор во решавањето на проблемот со името, а македонските власти имаат капацитет за тоа, вели професор Мерсел Биљали.

„Практично имаме две партии кои убедливо победуваат на овие избори и сега имаат доволен капацитет да се справат со тешки прашања како што е прашањето за името. Очекувам ова прашање да се динамизира, сега времето ќе покаже до кое ниво ќе се отиде, но очекувам дека мора да се направи некој виден чекор до пред извештајот.“

Професор Димитар Мирчев пред неколку дена изјави дека очекува преговорите да се интензивираат по средбите во Њујорк.

„После тоа консултација со државните врвови на двете страни, претпоставувам дека потоа Нимиц повторно ќе дојде во регионот со некои поконкретни предлози.“

Тој додава дека интересот на Филе и неговиот ангажман околу ова прашање е корисен во ситуацијава.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG